Крањска Гора има највисок просечен приход во Словенија

Во 2022 година просечниот бруто приход по жител во Словенија изнесувал 15.990 евра, а нето приходот бил 12.343 евра. Просечниот нето приход по жител бил најголем во Крањска Гора, а најмал во општината Кузма.

Во Крањска Гора просечниот нето приход изнесувал 15.171 евро и е за 23 отсто повисок од словенечкиот просек. Во општината Кузма изнесувал 8.313 евра и е за 33 отсто понизок од просекот во Словенија.

На ниво на регии просечниот нето приход по жител во 2022 година бил најнизок во Помурска, а највисок во Централната статистичка регија. Над словенечкиот просек се Средна и Југоисточна Словенија, како и Горењската статистичка регија, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано