МЕСЕЧЕН ПАД НА ПРОСЕЧНАТА АВГУСТОВСКА ПЛАТА ВО СРБИЈА

Просечната плата во август во Србија се намалила за 1.186 динари (10 евра) во однос на претходниот месец. Просечната бруто плата во август годинава изнесувала 133.591 динари, додека просечната нето плата била 96.649 динари, објави Републичкиот завод за статистика.

Во јули просечната нето плата изнесувала 97.835 динари. Висината на медијалната плата во август изнесувала 75.575 динари, додека во јули била 76.000 динари. Околу 50 отсто од вработените примиле августовска плата во висина на медијалната плата.

Просечната бруто плата за август 2024 година номинално е повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето плата номинално е зголемена за 12,2 отсто односно за 7,6 отсто реално, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано