Од 1 јануари поевтинува струјата за албанските граѓани

Oд 1 јануари 2025 година ќе има намалување на цената на струјата за сите граѓани во Албанија, изјави Белинда Балуку вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика.

– Подолго работиме со Електродистрибуција и електро корпорацијата на Албанија за да процениме колку ќе биде намалувањето на електричната енергија од 1 јануари 2025 година. Во моментов ги анализираме и оптимизираме техничките процеси за да можеме да им понудиме на албанските граѓани пониска цена за струја од 1 јануари, изјави Балуку.


Извор МИА

фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано