ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Е ЗА НОВ АВИОН, Сиљановска – Давкова: Користењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова.

Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата.

– Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државна работа, а е и поевтино од користењето на комерцијален лет. Па, сега не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо дваесет и пет години, а е купено на старo, рече претседателката во одговор на новинарско прашање по завршување на настанот за одбележување на мајчиниот јазик. 

Таа додава дека неjзините колеги претседатели сметаат оти е многу порационално и многу поевтино да се има поголем авион, од, како што истакна, нашето најмало авионче, бидејќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат.

– А и ни замеруваат и јас знам дека тоа е мој голем хенгдикеп што со нас нема новинари, а со нив има и новинари. Новинарите понекогаш доаѓаат со нив, рече претседателката Сиљановска – Давкова.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано