ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ВРЕДНОСТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР

Минатата недела вредноста на доларот се зголеми во однос на кошничката валута, а ова четврта недела по ред на раст на американската валута. Индексот која покажува вредноста на доларот споредена со шесте најважни светски валути, се зголеми за 0,2 отсто и достигна вредност од 108,01 бод.

Вредноста на индексот во декември се зголеми за два отсто, а од почетокот на годината порасна за 6,5 отсто.

Курсот на еврото кон доларот се намали за 0,05 отсто и се разменуваше за 1,0425 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 0,9 отсто и се разменуваше за 157,85 јени.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано