СРБИЈА СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СТРАНСКИ ТУРИСТИ, НАЈБРОЈНИ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ, ПА РУСИТЕ

Србија во јануари годинава ја посетиле 143.857 туристи од странство, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, што е за 1,0 процент повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Најмногу посети се регистрирани од Македонија со  19.759 туристи, по што следува Руската Федерација со 14.109 пристигнувања, а на третото место е Босна и Херцеговина со 12.414 посетители. Петцифрен број посети е регистриран и од Црна Гора – 11.777, како и од Турција – 11.056. Странците оствариле 480.996 ноќевања во јануари, што е за пет проценти повеќе во однос на пред една година, објавија медиумите во Србија


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано