Хрватска не сака да биде евтина туристичка дестинација

Цените за угостителските услуги и хотелското сместување во Хрватска оваа сезона ќе бидат повисоки од пет до десет отсто. Во претсезоната хрватските хотелиери имаат добра посетеност од странски гости, а добро се продаваат и резервациите за летото 2024 година.

Како најголеми предизвици за годинашната туристичка сезона се недостигот на работници, бирократските пречки при вработувањето, како и сместувањето за странските работници. Хрватските хотелиери се соочуваат и со ризикот од пораст на трошоците за работна сила, потоа трошоците за енергија, а на трето место се повисоките цени за храна и пијалоци.

Хрватска е меѓу десетте омилени дестинации за одмор на Европејците, покажува најновото истражување на Европската патничка агенција.

Хрватска не треба да биде евтина туристичка дестинација која за помалку пари го распродава своите туристички атракции. Сакаме да бидеме дестинација која со квалитетот и диверзифицирана понуда секоја наредна година да остваруваме повеќе приходи, соопштуваат од Министерството за туризам на Хрватска, објави „Лидер медиа“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано